2. Географска положба и граници на Европа
3. Брегова разгранетост на Европа
4. Повторување
5. Релјефни карактеристики на Европа
7. Климатско-вегетациски области во Европа
ТАБЕЛА - Климатски типови во Европа | |
File Size: | 37 kb |
File Type: | doc |
Тундра
11. Хидрографија на Европа
10. Повторување (Географска положба, Релјеф, Брегова разгранетост, Клима и Хидрографија)
17. Основни карактеристики на населението во Европа
19. Јазична и верска разноликост на населението во Европа
ЕТНО-ЈАЗИЧНИ СЕМЕЈСТВА, ГРУПИ НА НАРОДИ И НАРОДИ ВО ЕВРОПА | |
File Size: | 38 kb |
File Type: | doc |
22. Населбите во Европа (Поголеми градови во Европа)
23. Регионална поделба на Европа
24. Повторување (Население, населби и регионална поделба на Европа)
26. Географска положба, држави и главни градови во Јужна Европа
Средоземно Море
27. Бугарија
Бугарија.pdf | |
File Size: | 70 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Бугарија е држава во Јужна Европа, поточно е сместена во источниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа на север граничи со Романија, на запад со Македонија и Србија, а на југ со Грција и Турција. На исток Бугарија излегува на Црното Море. Во овие граници Република Бугарија зазема површина од 110 912 км кв (103-то место меѓу државите во светот).
2. РЕЛЈЕФ
Освен во северните делови каде што се протега дунавската долина, Бугарија е претежно планинска земја. Во средишните делови се протега Стара Планина (Балкан), јужно од неа е планината Рила со највисокиот врв на Балканот - Мусала (2 925 м н.в.), додека уште појужно се протега Пирин Планина, на која кон исток се надоврзуваат Родопите. Од низините, покрај долината на реката Дунав каде се простира Долнодунавската Низина, се издвојува и Тракиската Низина, по долината на реката Марица.
3. КЛИМА
Климата во Бугарија е разновидна. Сепак најголем дел од земјата се одликува со умерено-континентална клима. Приморската (средоземноморска) е застапена на бреговите на Црното Море, изменето-средоземномоската е карактеристична за долината на реката Марица, а над 1 000 м н.в. е застапена планинската клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Од реките особено значајна е пограничната река со Романија, реката Дунав, која го формира и најголемото сливно подрачје (црноморското), додека во сливот на Егејското Море припаѓаат реките: Марица, Струма и Места. Покрај малиот број на котлински езера, Бугарија се одликува со голем број на леднички езера, на над 2 000 м н.в.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Бугарија живеат нешто над 7 милиони жители (над 100-тото место меѓу државите во светот). Интересно за земјата е тоа што после 1990-тите години популацијата континуирано се намалува (тогаш броела околу 9 милиони жители). Тоа се должи на нискиот природен прираст и високите вредности на емиграциските бранови од државата кон други, поразвиени држави од ЕУ. За Бугарија е карактеристичен и високиот удел на старо население (над 60 години), во вкупното население во државата, кој изнесува речиси 20 %. Според етничката припадност во Бугарија најзастапени се Бугарите со околу 85 %, а позастапени малцинства се турското со околу 9 % и ромското со околу 5 %.
6. НАСЕЛБИ
Главен град на Бугарија е градот Софија со над 1 300 000 жители. Други поголеми градови, со над 100 000 жители се: Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Стара Загора и Плевен.
7. СТОПАНСТВО
Бугарија иако е земја членка на ЕУ се смета дека е земја во развој, односно заостанува зад европскиот просек. Најголем дел од стопанските активности се поврзани со полјоделството и сточарството. Исто така како посебно развиена стопанска гранка се јавува туризмот. Летниот туризам се развива долж Црноморскиот брег (Златни Песоци, Варна, Несебар, Бургас и др.), додека зимски и планински туристички места се развиле на Рила и на Пирин Планина (Боровец, Банско и др.). Бугарија извезува: раноградинарски култури, тутун, овошје, грозје и некои индустриски производи, а увезува: нафта, земјен гас, автомобили, машини и други индустриски производи.

28. Грција
Грција.pdf | |
File Size: | 79 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Грција е држава сместена во најjужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа е островска и полуостровска земја. На север граничи со Македонија и Бугарија, на исток со Турција и на запад со Албанија. Бреговата линија на државата е ограничена од водите на Јонското Море на запад, Средоземното Море на југ и Егејското Море на исток. Во овие граници Република Грција зазема површина од 131 957 км кв. (95-то место меѓу државите во светот).
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Грција е меѓу најразгранетите во Европа. Него го сочинуваат речиси сите облици на брегова разгранетост. Од полуостровите најголеми се: Халкидик, Атика и Пелопонез, кој со Коринтскиот Канал е претворен во остров. Меѓу заливите најкарактеристични се: Солунскиот, Орфанскиот и Коринтскиот. Од бројните острови поголеми се: Крф, Кефалонија, Крит, Евбеја, Тасос и други, а од островските групи: Киклади и Споради.
Грција е претежно планинска земја. Поголеми планини се: Грамос, Пинд, Парнас и Тајгет, а највисокиот врв е на планината Олимп (2 917 м н.в.). Низините зафаќаат значително помала површина, а од нив се издвојуваат: Солунската, Сереската и Тесалија.
3. КЛИМА
Климата во Грција е разновидна, а за најголем дел од нејзината територија (крајбрежниот појас) е карактеристична средоземноморската клима, во северните делови изменето-средоземноморска, а над 1 000 м н.в. е застапена планинската клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Од реките особено значајна се: Бистрица, Вардар, Струма, Места и Марица, сите тие припаѓаат во сливот на Егејското Море, а другите реки се кратки и со помало количество на вода.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Грција живеат помалку од 11 милиони жители (80-то место меѓу државите во светот). Како и за најголем дел од државите во Европа и за Грција е карактеристичен и високиот удел на старо население (над 65 години), во вкупното население во државата, кој изнесува над 20 %. Според етничката припадност во Грција најзастапени се Грците со околу 85 %, а кон северните делови од државата се застапени малцинства од сите соседни држави (Албанци, Македонци, Бугари и Турци)
6. НАСЕЛБИ
Главен град на Грција е градот Атина, во кој заедно со просторот што го зафаќа целата агломерација живеат над 3 000 000 жители. Други поголеми градови се: Солун (околу 700 000 жители), Патрас, Ираклион, Лариса и др.
7. СТОПАНСТВО
Во полуостровскиот дел од државата главно се одгледува пченица и јачмен, како и памук, сончоглед и тутун, додека во островскиот дел се застапени медитеранските култури: маслинки, лимони, портокали, свокви и грозје. Што се однесува до индустрискиот развој и сеопштиот стопански развој на државата, Грција иако е одамна членка на ЕУ, таа значително заостанува во однос на другите европски земји. Како посебно значајна и развиена стопанска гранка се издвојува туризмот. Топлата клима и долгата брегова линија, со бројните плажи, во комбинација со богатото културно-историско наследство, се причина Грција да биде една од најпосетените туристички дестинации, со посетители од цела Европа. Грција извезува: медитерански култури, тутун и некои индустриски производи, а увезува: нафта, земјен гас, автомобили, машини и други индустриски производи.

29. Повторување
30. Србија
Србија_и_Косово.pdf | |
File Size: | 80 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Србија е јужноевропска држава сместена во централниот дел од Балканскиот Полуостров, која кон север се поврзува со регионот Средна Европа. Таа граничи со 8 држави, и тоа: на југ со Македонија, на исток со Бугарија и Романија, на север со Унгарија, на запад со Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во јужниот дел од Србија се наоѓа и покраината Косово, која во последните неколку години полека ги остварува долгогодишните аспирации за остварување на независност со воспоставување на свои институции и државни симболи, што е резултат и на силната меѓународна поддршка. Во овие граници Република Србија зазема површина од 88 360 км кв. (111-то место меѓу државите во светот).
2. РЕЛЈЕФ
Србија се одликува со разновиден релјеф. Младите планини се застапени во западниот дел, а покарактеристични од нив се: Златибор, Шар Планина и Копаоник. На Шар Планина е и највисокиот врв во државата (2 651 м н.в.). Во Југоисточниот дел се застапени стари планини, кои се дел од Родопските Планини, додека во источниот дел се застапени млади планини, кои се продолжение на Карпатите. Најголема низина во Србија е Панонската Низина, која се состои од три целини: Банат, Бачка и Срем. Од котлинските простори карактеристични се: Нишката и Метохиската.
3. КЛИМА
Најраспросранет тип на клима во Србија е умерено-континенталниот. Покрај него по долината на реката Бел Дрим, во југо-западниот дел од државата е застапена изменето-медитеранската клима. Во Панонската Низина е застапена континентална степска клима, а на планините над 1 000 м н.в. е застапена планинска клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Најголемо значење меѓу реките во Србија има реката Дунав. Таа има голем број на притоки, меѓу кои особено значајни се: Тиса, Сава, Велика Морава и Тимок. Реката Дунав е значајна за: речниот сообраќај, наводнувањето и хидроенергијата (особено кај Ѓердапската Клисура). Освен споменатите реки кои припаѓаат на Црноморскиот речен слив, во сливот на Јадранското Море припаѓа реката Бел Дрим, а на Егејското сливно подрачје реката Лепенец.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Србија денес живеат околу 9 милиони жители (од нив околу 2 милиони на Косово). (Според тоа се наоѓа на 96-то место во Светот). Освен Србите и Албанците (на Косово), во Србија застапени се и некои малцинства, како што се: Унгарци (во Војводина), Роми, Хрвати, Македонци и Бошњаци. Покрај големата концентрација на население во и околу главниот град, со голема густина на населеност се одликуваат и просторите на Панонската Низина и Косово. За населението на Србија карактеристична е и силно изразената емиграција на населението, особено во 90-тите години на XX век, кога се смета дека државата ја напуштиле над 300 000 жители.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Србија е Белград, со над 1 200 000 жители. Други поголеми градови се: Нови Сад, Приштина (на Косово), Ниш, Крагуевац и Суботица.
7. СТОПАНСТВО
Од стопанските гранки во Србија особено е развиено земјоделството, посебно во Панонската Низина и по долината на реката Морава, а намногу се одгледува: пченицата, пченката, сончогледот и шеќерната репка. Од индустриските гранки застапении се: прехрамбената, машинската, автомобилската и текстилната. И туризмот зазема свое место во стопанството на Србија, и тоа зимскиот туризам (на Златибор и Копаоник) и бањскиот туризам (Нишка, Врњачка, Врањска и Сокобања)

31. Албанија
Албанија.pdf | |
File Size: | 70 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Албанија е уште една балканска држава. Таа граничи со четири држави, и тоа: Црна гора и Србија (Косово) на север, Македонија на исток и Грција на југ. Западниот дел од државата е ограничен од водите на Јадранското и Јонското Море. Во овие граници Албанија зафаќа површина од 28 748 км кв. (140-то место во Светот)
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Албанија е мошне слабо разгранет, пришто земјиштето во приморјето е ниско и мочурливо. Што се однесува до релјефните одлики може да се каже дека државата е планинска, со низински територии кон Јадранскиот брег. Планините припаѓаат на Шарскиот планински предел, меѓу нив позначајни се: Проклетие, Кораб (највисок врв со 2 764 м н.в.), Дешат и Јабланица. Овие планини се прекриени со шуми и планински пасишта, а низините се неплодни и мочурливи.
3. КЛИМА
Во Албанија се застапени повеќе климатски типови. Долж брегот, во понискиот дел од државата е застапена медитеранска клима. По текот на реките што се вливаат во морето, продираат топли влијанија, така што е застапена изменето-медитеранската клима. Во средишните и источните делови од државата до 1 500 м н.в. има умерено-континентална клима, додека над таа надморска височина застапена е планинската клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Албанија припаѓаат главно на Јадранскиот слив. Од нив поголеми се: Дрим, Бојана, Шкумба, Семени и Војуша. Најголемите езера Албанија ги дели со некои од соседните држави, а тоа се: Скадарското, Охридското и Преспанското Езеро.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Албанија живеат околу 2 900 000 жители (на 137-то место во Светот). Најголем дел од нив се Албанци (над 90 %), додека други малцинства се: македонското, грчкото и ромското. Од пред 30-тина години, населението во Албанија значително се намалува. Се претпоставува дека до денес државата ја напуштиле околу 800 000 лица. Тоа се должи на силно изразената емиграција насочена кон: САД, Италија, Грција и други европски земји. Причина за тоа е 40 годишниот комунистички режим (на чело со Енвер Хоџа), кога државата била доведена во тешка социјална и политичка положба, таа била изолирана, а надворешните миграции биле забранети. Што се однесува до религиозната припадност, таа е доста разновидна, но се пак најзастапени се муслиманите (околу 60 %).
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Албанија е градот Тирана (околу 500 000 жители), а над 100 000 жители има уште само градот Драч. Други позначајни градови се: Скадар, Елбасан и Валона.
7. СТОПАНСТВО
Поради комунистичкото минато, Албанија до пред 30 години беше мошне заостаната држава во стопански поглед. Со отварањето на границите на државата, таа постепено се интегрира кон останатите европски држави и денес се одликува со мошне брз развој. Тоа особено е забележливо во рамките на градежништвото и развојот на туризмот (во крајбрежната зона). Од традиционално застапените гранки на стопанството најзастапени се полјоделството и сточарството.

32. Повторување
33. Хрватска и Словенија
- Хрватска
Хрватска.pdf | |
File Size: | 65 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Хрватска е сместена во западниот дел на Балканскиот Полуостров. Има специфична форма, а се граничи со 5 држави и тоа: Унгарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Југо-западниот дел од државата има долга брегова линија кој што излегува на Јадранското Море. Во овие граници државата зазема површина од околу 56 600 км кв. (126-то место меѓу државите во светот)
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Хрватска е многу разгранет. Од полуостровите најкарактеристичен е Истра, јужно од него се простира Кварнерскиот Залив, во кој се наоѓаат островите: Крк, Црес и Раб. Јужно од нив се простираат островите: Брач, Хвар, Вис, Корчула, Млет и др.
Во северните делови државата се одликува со низински релјеф. Тоа е делот од Панонската Низина, кој се нарекува Славонија. Кон југ во Хрватска се простираат повеќе планини, кои не надминуваат 1 800 м н.в. а меѓу нив поголеми се: Голема и Мала Капела, Велебит, Динара и Биоково. Тие се составени од варовнички карпи, па според тоа изобилуваат со пештери и карстни полиња.
3. КЛИМА
Во Хрватска на брегот е застапена медитеранска клима, а на планините планинска. Помеѓу овие два климатски типови и во Панонската Низина застапена е умерено-континентална клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Хрватска припаѓаат на две сливни подрачја. Во Црноморскиот слив припаѓаат реките: Дунав, Драва и Сава, во сливот на Јадранското Море припаѓаат реки со мала должина, од нив позначајнии се: Крка и Цетина.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Хрватска живеат околу 4 100 000 жители (на 129-то место во светот). Населението во Хрватска се одликува со намален наталитет и висок удел на старо население, што во комбинација со емиграцијата на работоспособното население, доведува до намалување на бројот на жители во државата. Најголем дел од населението се христијани- католици.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Хрватска е Загреб (со околу 800 000 жители). Други поголеми градови се: Сплит, Ријека и Осиек.
7. СТОПАНСТВО
Полјоделството е развиено во посеверните пониски предели, а најмногу се одгледува: пченица, пченка, шеќерна репка, сончоглед и друго. Во Хрватска добро развиено е сточарството (говедарство, овчарство и свињарство). Од индустриските гранки застапени се: прехрамбената, текстилната, хемиската и бродоградбената. Особено значајна стопанска гранка е туризмот. Покрај крајбрежјето на Хрватска, голем број на посетители бележи и градот Загреб, како и Плитвичките Езера.

- Словенија
Словенија.pdf | |
File Size: | 68 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Словенија го зазема крајниот северо-западен дел од Балканскиот Полуостров. Граничи со: Австрија, Унгарија, Хрватска и Италија. Има кратка брегова линија на Трстјанскиот Залив, односно на Јадранското Море. Има површина од 20 300 км кв. (на 151-во место во светот).
2. РЕЛЈЕФ
Словенија претежно е планинска земја. Најпознати планини се Јулијските Алпи, со највисокиот врв во државата - Триглав (2 864 м н.в.). Помеѓу планините се протегаат бројни котлини.
3. КЛИМА
Во Словенија се застапени 4 типови на клима. Медитеранската е застапена на самиот брег, планинската е на Алпите, умерено-континенталната во котлините, додека континенталната клима е застапена во источните делови.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Поголемите реки во Словенија, како: Сава, Драва и Мура, припаѓаат во Црноморскиот слив, додека позначајна река што спаѓа во сливот на Јадранското Море е реката Соча. Од езерата посебно значајни се ледничките езера: Бохинско и Бледско.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Словенија живеат околу 2 000 000 жители (на 144-то место во светот). И Словенија како и поголем дел од државите во Европа се одликува со низок наталитет и висок удел на старо население во вкупното население.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Словенија е Љубљана (околу 300 000 жители). Други позначајни градови се: Марибор, Цеље, Крањ и Копер.
7. СТОПАНСТВО
Словенија се смета за најразвиена Балканска земја. За полјоделството значајни се житните култури, во пониските делови, а од сточарските гранки особено застапено и развиено е говедарството, на Алпите. Словенија се одликува поголем број на развиени индустриски гранки, како што се: металната, автомобилската, машинската, хемиската, текстилната, дрвната и други. Меѓу другите стопански гранки значаен е и туризмот, кој е развиен на: Јадранското крајбрежје, ледничките езера, на Алпите, како бројните пештери, меѓу кои поголема и позначајна е Постоинската Јама.

34. Црна Гора и Босна и Херцеговина
- Црна Гора
Црна_Гора.pdf | |
File Size: | 70 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Црна Гора е уште една република која се наоѓа во западниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа граничи со: Албанија, Србија (и Косово), Босна и Херцеговина и Хрватска. Кон југо-запад излегува на Јадранското Море. Во овие граници зафаќа површина од околу 13 800 км кв. (160-то место во Светот)
2. РЕЛЈЕФ
Освен приморјето и одредени други делови, Црна Гора е планинска земја. Од планините се издвојуваат: Румија, Ловќен, Орјен, Дурмитор, Сињаевина, Бјеласица, Комови и Проклетие.
3. КЛИМА
Во Црна Гора се застапени: медитеранска, изменето-медитеранска, умерена и планинска клима. Според годишното количество на врнежи се издвојува областа Кривошије, со годишно количество од околу 5 000 мм (со што е едно од најврнежливите подрачја во Европа).
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во државата припаѓаат на две сливни подрачја. Во сливот на Јадранското Море припаѓа реката Бојана која истекува од Скадарското езеро и реката Морача која во него се влива, додека во Црноморскиот слив спаѓаат реките: Пива, Тара, Лим и др. Освен Скадарското кое е карстно езеро, во Црна Гора има голем број на леднички езера, некои од нив се: Црно, Биоградско и Плавско.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Црна Гора живеат околу 680 000 жители (на 164-то место во светот). Во државата како Црногорци се изјасниле околу 50 % од населението, додека покрај нив живеат: Срби, Албанци, Бошњаци и др.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Црна Гора е Подгорица (помалку од 150 000 жители). Други позначајни градови се: Никшиќ, Бело Поле, Цетиње, Бар и Херцег Нови.
7. СТОПАНСТВО
Црна Гора се смета за неразвиена стопанска земја. Од индустриските гранки најразвиена е дрвната индустрија. Од сите стопански гранки најразвиен е туризмот, особено околу заливот Бока Которска.

- Босна и Херцеговина
Босна_и_Херцеговина.pdf | |
File Size: | 67 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Босна и Херцеговина е балканска држава, која се граничи со Црна Гора и Србија на исток и Хрватска на запад и север. Оваа земја има исто така и излез на Јадранското Море, во должина од само 20-тина км. Во овие граници зафаќа површина од околу 51 000 км кв. (127-мо место во Светот).
2. РЕЛЈЕФ
Босна и Херцеговина е претежно планинска земја. Низинските подрачја се главно по речните долини, а најголеми се низини по долината на реката Сава и нејзините притоки. Највисоките планини (како: Чврсница, Бјелашница, Зеленгора, Прењ, Лелија и др.) се застапени во југо-источниот дел. Освен нив друга позначајна планина е Динара, кој јужната граница со Хрватска.
3. КЛИМА
Климата во оваа земја е претежно умерено-континeнтална, по долината на реката Неретва застапени се средоземноморски влијанија, додека на планините над 1 500 м н.в. е застапена планинска клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во државата припаѓаат на две сливни подрачја. Во сливот на Јадранското Море припаѓа реката Неретва, додека во Црноморскиот слив спаѓаат реките: Уна, Врбас, Босна и Дрина, кои се притоки на реката Сава.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Босна и Херцеговина живеат околу 3 500 000 жители (на 124-то место во светот). Во државата како Бошњаци се изјасниле околу 50 % од населението, додека покрај нив живеат: Срби 30 %, Хрвати 15 % и др.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во државата е Сараево (помалку од 300 000 жители). Други позначајни градови се: Бања Лука, Зеница, Тузла и Мостар.
7. СТОПАНСТВО
Според одликите на стопанството Босна и Херцеговина е недоволно развиена земја. Таа располага со бројни наоѓалишта на железна руда, јаглен и друго, како и со значаен хидроенергетски потенцијал.

35. Повторување
36. Апенински Полуостров (Италија, Сан Марино и Ватикан)
- Италија
Италија, Сан Марино и Ватикан | |
File Size: | 106 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Италија заедно со Шпанија се најголемите држави во Јужна Европа. Сместена на Апенинскиот Полуостров, Италија е ограничена со водите на Лигурското и Тиренското Море од запад, Јонското од југ и Јадранското Море од исток. На исток, кон северниот дел, Италија граничи со Словенија, на север со Австрија и Швајцарија, а на запад со Франција. Италија е карактеристична и по тоа што е единствена соседна држава на малите држави Сан Марино и Ватикан. Според сето тоа таа има доста поволна географска положба. Италија зафаќа површина од 301 000 км кв. (на 71-во место во Светот)
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Италија можеме да кажеме дека е доста разновиден. Од полуостровите се издвојуваат: Гаргано, Апулија и Калабрија, а од островите: Липарските острови, Сицилија и Сардинија. Од заливите особено карактеристични се: Џеновскиот, Тарантскиот, Венецијанскиот и Трстјанскиот Залив.
На територијата на Италија се застапени пространи планински предели. И тоа Алпите, со највисокиот врв во Европа- Мон Блан со 4 810 м н.в. на границата со Франција, како и Апенините, долж целиот полуостров, со врвот Гран Сасо (2 914 м н.в.). Апенините се карактеристични и по својата вулканска активност, застапена и на островот Сицилија и Липарските Острови. Од вулканите попознати се: Везув, Стромболи, Вулкано и Етна.
Покрај крајбрежните низински предели, поголеми низини во Италија се: Ломбардија, Тоскана, Римската и Неаполската Низина.
3. КЛИМА
Во Италија се застапени три климатски типови, и тоа: средоземноморска- на островите и крајбрежните делови, умерено-континентална- во внатрешноста на полуостровот и планинска на повисоките планински предели.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Италија се кратки и брзи. Меѓу нив позначајни се: По, која се влива во Јадранското Море и Волтурно, Тибар и Арно во Тиренското Море. Меѓу езерата посебно карактеристични се глацијалните езера, како што се: Маџоре, Комо, Гарда и др.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Италија живеат над 60 000 000 жители (23-то место во Светот), со што Италија се одликува со густина на населеност од околу 200 ж/км кв. Друга значајна карактеристика е високиот удел на старо население (над 65 години) во вкупното население на Италија, и тоа од над 20 %.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Италија е Рим, со над 2 500 000 жители. Друг милионски град во Италија е и Милано. Останати градови со над 500 000 жители се: Неапол, Торино, Палермо и Џенова.
7. СТОПАНСТВО
Во поглед на стопанството Италија е најразвиена јужноевропска држава. Полјоделството е претставено со производство на: пченица, пченка и ориз (најголем производител на ориз во Европа). Сточарството е особено развиено во Ломбардија и на Алпите. Италија е и меѓу најголемите производители на ран зеленчук и овошје. Овде особено се застапени медитеранските култури: портокали, лимони, маслинки и винова лоза. По производството на вино и грозје Италија е меѓу водечките земји во светот.
Од индустриските гранки особено развиени се: машинската, текстилната, хемиската, бродоградбената и прехрамбената индустрија.
Многу значајна гранка на стопанството, со долга традиција, е туризмот. Причина за тоа е: богатството од културно -историското наследство, поволната клима, должината на морскиот брег (околу 7 000 км), како и развиеноста на пропратните стопански гранки (сообраќај, угостителство и др.). Најпосетени градови во Италија се: Рим, Венеција, Фиренца, Неапол, Верона, Пиза и др. За туризмот особено значајни се и планинските туристички места на Алпите.

- Сан Марино
Сан Марино е една од најмалите држави во Светот, поточно само 4 држави имаат помала површина од неа. Има површина од околу 61 км кв. (на 192-ро место во Светот). Се наоѓа во средишниот, источен дел од Апенинскиот Полуостров, на Апенините- на ридот Монте Титано. Граничи само со Италија, и е 10 км оддалечена од Јадранското Море. Во државата живеат околу 33 000 жители (на 192-ро место во Светот). Од сите европски држави само Ватикан се одликува со помал број на жители.
- Ватикан
Ватикан е најмалата држава во светот со само 0,44 км кв. Се наоѓа во дел од главниот град на Италија- Рим. Претставува верски центар на католичката црква и седиште на папата. Во државата живеат околу 1 000 жители. Како држава Ватикан постои од 1929-та година.
37. Пиринејски Полуостров (Шпанија, Португалија и Андора)
Шпанија, Португалија и Андора | |
File Size: | 125 kb |
File Type: |
|
|
|
- Шпанија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Шпанија е најголема држава на Пиринејскиот Полуостров и во Јужна Европа, а во цела Европа го зазема 4-тото место. Зафаќа површина од 506 000 км кв. (51-во место вп Светот). Граничи со државите: Португалија, Андора и Франција. Шпанија на север излегува на Атлантскиот Океан, а на југ и на исток на Средоземно Море. Со тоа Шпанија е една од земјите со најповолна географска положба.
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
И покрај долгата брегова линија, Шпанија не се одликува со многу разгранет брег. Покарактеристични се: Бискајскиот, Валенсискиот и Кадискиот Залив, а од островските групи на Шпанија му припаѓаат: Балеарските (Мајорка, Менорка и Ибица) и Канарските Острови (Тенерифе, Ла Палма и Гран Канарија).
Релјефот во Шпанија е претежно планински. Покарактеристични планини се: Пиринеите, Кантабриските, Ибериските, Кастилианските, Сиера Невада (врв Муласен 3 482 м н.в.) и др. Највисокиот врв во земјата се наоѓа на Канарските Острови, кои се од вулканско потекло, на островот Тенерифе, на вулканот Теиде (3 718 м н.в.). Низините зафаќаат значително помала површина, а поголеми се: Естрамадура (долина на реката Тежо), Андалузија (долина на реката Гвадалкивир) и Арагонија (долина на реката Ебро).
3. КЛИМА
Во Шпанија се застапени повеќе климатски типови, и тоа: медитеранска (на бреговите на Средоземното Море), изменето-медитеранска (по речните долини што се вливаат во Средоземното Море), атлантска (на брегот на Атлантскиот Океан), умерено континентална (во внатрешноста на полуостровот) и планинска (на планините).
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Шпанија припаѓаат на две сливни подрачја. Во Атлантското подрачје припаѓаат реките: Мињо, Тахо, Гвадијана и Гвадалкивир, а поголеми реки кои припаѓаат во сливот на Средоземното Море се: Ебро и Хукар.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Шпанија живеат околу 47 милиони жители (на 30-то место во Светот), од кои значителен е уделот на старо население. Шпанците, кои припаѓаат на групата на народи романи се најзастапени. Освен нив како посебни народи застапени се и каталонците и баскијците. Најзастапена религија во Шпанија е католицизмот.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во државата е Мадрид (над 3 милиони жители). Потоа следуваат: Барселона (над 1,5 милиони), Валенсија, Севиља, Сарагоса и Малага (сите со над 500 000 жители).
7. СТОПАНСТВО
Шпанија е индустриско-земјоделска земја. Од полјоделските култури најзастапени се: пченицата, оризот, маслинките, портокалите и грозјето. По производството на портокали и маслиново масло го зазема првото место во светот. Сточарството исто така е доста развиено, особено во централните делови. Шпанија е богата со доста рудни наоѓалишта, а развиени се и голем број на индустриски гранки (машинска, авионска, бродоградбена, прехрамбена и текстилна). Шпанија е една од најзначајните држави во областа на туризмот. Предности за развој на оваа гранка се: пријатната клима, долгата брегова линија со плажи, богатата и специфична култура, големите градови и сл. Најпосетени се: Барселона, Мадрид, туристичките места покрај брегот, како и Балеарските и Канарските Острови.

- Португалија
Португалија се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров и излегува на Атлантскиот Океан. Неа му припаѓаат и Азорските Острови и островот Мадеира. Има вкупна површина од 92 000 км кв. најголем дел од државата се одликува со атлантска клима. Поголеми реки во земјата се: Дуро, Тежо и Гвадијана, сите се влеваат во Атлантскиот Океан. Во Португалија живеат околу 10 000 000 жители. Најголем и главен град е Лисабон (550 000 жители), други поголеми градови се: Порто и Брага.
- Андора
Андора е најмала држава на Пиринејскиот Полуостров, сместена на Пиринеите, на границата меѓу Шпанија и Франција. Има површина од околу 450 км кв. а во неа живеат околу 80 000 жители. Најголем и главен град е Андора ла Вела (22 000 жители).
38. Повторување (Јужна Европа)
држави во Јужна Европа
|
држави и главни градови во Европа
|
градови во Јужна Европа
|
45. Велика Британија и Република Ирска
Велика Британија и Република Ирска | |
File Size: | 357 kb |
File Type: |
|
|
|
- Велика Британија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Велика Британија е островска држава. Таа е уште позната и под името Обединето Кралство, а се состои од Англија, Велс и Шкотска (на островот Британија) и Северна Ирска (на северниот дел од островот Ирска). Копнена граница има само со Република Ирска, додека од другите држави од Европа е одвоена со каналот Ла Манш. Островската држава се наоѓа во водите на Атлантскиот Океан, а од морињата таа е сместена помеѓу Северното Море на исток, Норвешкото Море на Запад и Ирското Море кое е помеѓу островите Ирска и Британија. На државата му припаѓаат и околу 5 000 помали острови во водите на Атлантскиот Океан. Во Овие граници таа зафаќа површина од околу 240 000 км кв.
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Велика Британија се одлкува со многу разгранет брег. На запад карактеристични се полуостровите Корнвел и Велс, помеѓу кои е Бристолскиот Залив. Брегот на Британија се одликува со голем број на заливи, од кои некои имаат карактер на фјордови. Заливите, заради реките кои се влеваат во нив имаат карактер на естуари.
Според релјефните одлики Велика Британија има голем број на низини и стари грамадни планини. Најголема низина е Лондонската Низина, во југоисточниот дел од државата, а од планините најголеми се: Кембриските, Пенинските, Гремпиенските (највисок врв Бен Невис 1 343 м н.в.) и Каледонските Планини. Планините се особено богати со камен јаглен и железна руда.
3. КЛИМА
Климата на територијата на Велика Британија е типична атлантска. Таа се одликува со чести врнежи, поради топлата Голфска струја и Западните ветрови. За овој тип на клима карактеристични се врнежливи и свежи лета и благи и магловити зими. На планините над 1 000 м н.в. температурите се пониски и е застапена планинска клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките се кратки, но полноводни и пловни. Поголеми се: Темза, Северн, Хамбер и Клајд. Утоките на сите реки естуари и при појава на плима нивото на водата во нив се подигнува пришто се пловни подлабоко во копното. Таков е случајот со реката Темза, а тоа овозможува градот Лондон да е пристаништен, иако истиот од морето е оддалечен 62 км.
5. НАСЕЛЕНИЕ И ИСТОРИОГРАФИЈА
Во Велика Британија од народите најзастапени се: Англичани, Ирци, Велшани и Шкоти. Исто така застапени се и голем број на припадници на други европски народи, како и народи од Азија (Индијци, Пакистанци, Кинези и др.) и Африка. Вака големиот број на доселеници, пред се од другите континенти, е резултат и на тоа што Британија своевремено беше најмоќна империја во светот, со голем број на колонии. Такви биле териториите на денешна: Канада, дел од САД, Нигерија, Египет, Судан, Танзанија, Кенија, Јужна Африка, Ирак, Индија, Пакистан, Австралија, Нов Зеланд и многу други помали територии и острови. Некои острови и денес се дел од Кралството Велика Британија, односно се зависни прекуокеански територии.
Во Велика Британија денес живеат околу 66 000 000 жители. Од нив најголем дел се од групата на народи германи, 7 % се од азиско, а 3 % од африканско потекло, а се позастапени се и припадници од мешано потекло. Според религиозната припадност најзастапени се христијаните со 60 %, а како нерелигиозни се изјаснуваат околу 25 %. Втора најзастапена религија е исламот, со околу 5 % од населението.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град е Лондон со над 10 000 000 жители. Други поголеми градови се: Манчестер, Бирмингем, Лидс, Ливерпул, Њукасл идр. (во Англија), Кардиф и Свонси (во Велс), Глазгов, Единбург и Абердин (во Шкотска) и Белфаст (во Северна Ирска).
7. СТОПАНСТВО
Велика Британија е високо развиена земја. Од полјоделските култури најмногу се одгледува пченица и фуражни култури. Сточарството е исто така развиено, а особено застапени се: говедарството, овчарството и свињарството. Британија е особено развиена во областа на индустријата и е земја од каде се раширила истата во останатите делови од Европа и светот, по индустриската револуција. Најзастапени индустриски гранки се: металургија, машинска, текстилна, хемиска, бродоградбена и др. Туризмот не се одликува со голем број на посетители, со исклучок на градот Лондон. Велика Британија тргува со голем број на земји ширум светот, при што увезува: нафта, жита и јужно овошје, а извезува индустриски производи, пред се машини.

- Република Ирска
Република Ирска зафаќа најголем дел од островот Ирска. Зафаќа површина од околу 70 000 км кв, на која живеат околу 5 000 000 жители. Се одликува со разгранет брег со голем број на фјордови. Главен град и единствен со над милион жители е Даблин, а други поголеми градови се: Корк, Лимерик и Голвеј.
47. Франција
Франција | |
File Size: | 116 kb |
File Type: |
|
|
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Франција е република која го зазема западниот дел од континентална Европа. Ограничена е од Пиринеите и Средоземното Море на југ, Алпите и реката Рајна на исток, земјите на Бенелукс (Белгија и Луксембург) на север и каналот Ла Манш и Атлантскиот Океан на север и на запад. Граничи со 8 држави, и тоа: Шпанија, Андора, Монако, Италија, Швајцарија, Германија, Луксембург и Белгија. Според тоа има поволна географска положба. А според големината е трета најголема држава во Европа, со околу 550 000 км кв., а заедно со прекуокеанските територии, кои како колонии му припаѓаат на Франција е на второ место, и има површина од 640 000 км кв. (на пр. Француска Гвајана, Мајот, Реунион, Мартиник и голем број на острови во Тихиот и Индискиот Океан).
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Бреговите на Франција не се особено разгранети. На западниот брег карактеристични се полуостровите Нормандија и Бретања, каналот Ла Манш и Бискајскиот Залив. На брегот на Средоземното Море покарактеристични се Лионскиот Залив и островот Корзика.
Релјефот на Франција е разновиден. Низините се простираат кон северо-западниот дел од државата. Планините се делат на млади верижни и стари грамадни. Од старите планини позначајни се: Централниот Масив, Вогезите и Ардените, а од младите позначајни се: Алпите (врв Мон Блан) и Пиринеите.
3. КЛИМА
Климата е разновидна со повеќе климатски типови. Атлантска клима има во западните делови, медитеранска во јужното крајбрежје, изменето-медитеранска по долината на реката Рона, умерено-континентална во внатрешноста и источниот дел од државата и планинска на планините над 1000 м н.в.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Франција припаѓаат на две сливни подрачја. Во атлантскиот слив припаѓаат реките: Сена, Лоара и Гарона. Тие при утоките градат естуари. А во средоземноморскиот слив припаѓа реката Рона, која при вливот гради делта.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Франција денес живеат околу 65 000 000 жители. Слично како и во Британија, тука се застапени и жители со африканско и азиско потекло. Своевремено француски колонии биле: Тунис, Алжир, Мароко, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Мадагаскар, териториите на Индокина и многу други. Според религиозната припадност околу 50 % се христијани-католици, дури 40 % се изјасниле како нерелигиозни, а од останатите најзастапени се муслиманите. Според етно-јазичната поделба на населението најбројни се Французите, а значително помалку се застапени: Бретањците, Фламанците и Корзиканците.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Франција е Париз (со над 2 000 000 жители, додека градот со околината, како агломерација има повеќекратно поголем број на жители). Други поголеми градови се: Марсеј, Лион, Тулуз, Нант, Ница, Стразбур, Монпеље, Бордо и Лил.
7. СТОПАНСТВО
Во стопански поглед Франција е една од најразвиените држави во Европа. Земјоделството е мошне напредно и механизирано, а најмногу произведува: пченица, јачмен, грозје и шеќерна репка. Сточарството е исто така развиено и со производи од висок квалитет. Железната руда и јагленот се основата врз која се развила индустријата уште во минатото. Денес машинската, текстилната, хемиската и прехрамбената индустрија се водечки индустрии во државата. Франција особено се истакнува по производството на: автомобили, вино, козметички производи и разновидни прехрамбени артикли, овие се и главните производи што се извезуваат, додека увозот е насочен кон: нафта и памук. Туризмот е посебно важна стопанска гранка. Тука се издвојува Париз како еден од најпосетените градови во светот. Исто така доста е посетен и брегот на Средоземното Море, познат како Азурен Брег, каде се издвојуваат градовите Ница и Кан. Зимските спортови се доста застапени на Француските Алпи.

- Монако
Монако е најмала држава во Западна Европа. Излегува на Средоземното, поточно Лигурското Море, а копнена граница има само со Франција. Од Италиај е оддалечена 15-тина км. Таа според државното уредување е кнежество. Има површина од само 2 км кв. а во неа живеат речиси 40 000 жители, според што е меѓу најгусто населените држави во светот. Монако се одликува и со најстаро население во светот, со просечна старост од околу 50 години. Поради ниските даноци, Монако привлекува голем број на исклучително богати доселеници. Монако е и доста посетена дестинација на медитеранот, пред се поради многуте коцкарници. Монако се одликува со мошне висок животен стандард на населението.
48. Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург)
Бенелукс | |
File Size: | 104 kb |
File Type: |
|
|
|
- Холандија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Холандија е држава сместена на брегот на Атлантскиот Океан, поточно на Северното Море. Копнета граница државата има со Белгија на југ и Германија на исток. Во овие граници зафаќа површина од 41 500 км кв.
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Брегот на Холандија е прилично разгранет, но без некои покрупни облици. Една од главните одлики на Холандија е тоа што околу 1/4 од територијата е под нивото на морето, а брегот од копното е ограничен со насипи. Како една од најниските земји во светот, во Холандија највисокиот врв е околу 300 м. Климата на територијата на државата е атлантска. Најголема река во Холандија е реката Рајна, која овде при вливот во морето, со уште неколку реки, гради голема делта.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Холандија живеат над 17 000 000 жители, или над 400 ж/км кв. со што е една од најгусто населените земји во Европа. Најголем дел од населението се Холанѓани (77 %), а остатокот го сочинуваат други народи од европско потекло, како и Турци, Мароканци, Индонезијци, население од Суринам и др. Најзастапена религија е христијанството, многу помалку е застапен исламот, но најголем дел околу 50 % се изјаснуваат како нерелигиозни.
Главен и најголем град во Холандија е Амстердам (над 800 000 жители), други поголеми градови се: Ротердам, Хаг, Утрехт и Ајнтховен.
4. СТОПАНСТВО
Холандија е една од најразвиените држави во Европа што се однесува до примената на технологијата во функција на развојот на стопанството. Посебно развиено е говедарството, како основа за производство на високо квалитетни прехрамбени производи. Холандија е и еден од најголемите производители на цвеќе во светот. Холандија е и високоразвиена индустриска земја (машинска, текстилна, електротехничка, прехрамбена, бродоградбена и др.), а особено се истакнува по високо развиената патна мрежа. Воедно Ротердам е едно од најголемите пристаништа во светот. Холандија извезува индустриски производи, а увезува руди, памук и нафта.

- Белгија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Белгија е држава со краток брег на Атлантскиот Океан, поточно на Северното Море. Копнета граница државата има со Франција на југ, Германија и Луксембург на исток и Холандија на Север. Во овие граници зафаќа површина од 31 000 км кв.
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Брегот на Белгија е краток и неразгранет. Релјефот е низински, а од планините се издвојуваат старите грамадни планини Ардени, каде е и највисоката точка, со речиси 700 м н.в. Климата на територијата на државата е атлантска. Најголеми реки се Шелда и Маас, како и останатите реки и тие припаѓаат во сливот на Северното Море.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Белгија живеат над 11 000 000 жители, или над 350 ж/км кв. со што е една од најгусто населените земји во Европа. Најголем дел од населението се Фламанци (германи) и Валонци (романи), а остатокот околу 10 % се од африканско и азиско потекло. Најзастапена религија е христијанството (60%), многу помалку е застапен исламот (5%), а како нерелигиозни се изјаснуваат околу 30 % од населението.
Главен град во Белгија е Брисел, а други поголеми градови се: Антверпен, Гент, Шарлоа, Лиеж, Бриж и др.
4. СТОПАНСТВО
Белгија е една од најразвиените држави во Европа. Таа е високоразвиена индустриска земја, со развиена патна мрежа. На Ардените има наоѓалишта на железна руда и камен јаглен. Белгија извезува индустриски производи, а увезува памук и нафта.

- Луксембург
Луксембург е една од најмалите држави во Европа, со околу 2 500 км кв. и околу 600 000 жители. Државата граничи со: Германија, Франција и Белгија. Луксембург се одликува со сложена етничка структура на населението. Имено, околу 50 % се Луксембуржани, 13 % Французи и 10 % Германци. Интересен е фактот што во Луксембург живеат речиси 20 % жители со португалско потекло.
*Проверете го вашето знаење за оваа наставна содржина |
50. Шведска
Шведска | |
File Size: | 125 kb |
File Type: |
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Шведска е кралство сместено на источниот дел од Скандинавскиот Полуостров. На исток државата излегува на Балтичкото Море и граничи со Финска, од која е одделена и со Ботнискиот Залив. На југ од Данска е одделена со водите на протокот Категат. Покрај со Финска, копнена граница има и со Норвешка, со која граничи на запад. Во овие граници зафаќа површина од околу 450 000 км кв.
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Бреговите на Шведска не се толку разгранети како бреговите на Норвешка и Данска, иако се одикуваат со голем број на помали острови, полуострови и заливи. Од островите поголеми се Готланд и Еланд.
Низинските подрачја во Шведска главно се по брегот на Балтичкото Море и во појужните делови од државата. Кон границата со Норвешка релјефот се издигнува на поголема надморска височина. Во тој дел се простираат старите грамадни Скандинавски Планини. Највисоките предели на државата се простираат во северните делови и се нешто над 2 000 м н.в.
3. КЛИМА
Климата е значително постудена за разлика од државите од Јужна и Западна Европа. Тоа се должи пред се на фактот што Шведска има посеверна географска широчина. Климатски се издвојуваат четири региони. Во јужните делови се застапени влијанија на Атлантскиот Океан, според што климата тука е атлантска. Кон средишните делови на државата климата е континентална, со пониски температури и помало количество на врнежи. Посеверно од 65-от степен с.г.ш. климата е субполарна, со средногодишни температури под 0 степени целзиусови. На Скандинавските планини климата е планинска.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките припаѓаат во сливот на Балтичкото Море, некои од нив се: Дал, Индалс, Луле и др. Шведска се одликува со голем број на езера. Тие се од ледничко потекло. Поголеми меѓу нив се: Венерн, Ветерн, Елмар и др.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Шведска денес живеат нешто над 10 милиони жители, со што државата спаѓа во редот на ретко населени земји, со околу 20-тина жители на км кв. И Шведска како и голем број на европски земји се одликува со висок удел на старо население, над 65 година возраст имаат над 20 % од населението. Освен Швеѓаните овде се застапени и Финци, како и голем број на доселеници поранешна Југославија, некои азиски држави и др. Според религиозната припадност најзастапени се протестантите, со над 60 % од населението.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Шведска е Стокхолм (околу 1 милион жители), други поголеми градови се: Гетеборг, Малме, Упсала и други.
7. СТОПАНСТВО
Во стопански поглед Шведска е една од најразвиените земји во Европа. Таа е богата со руди на: железо, бакар, злато, олово, цинк, никел и др. Особено голем производител е на железо, кое најмногу се експлоатира кај градот Кируна. Шведска е исто така богата и со шуми, тие покриваат 60 % од нејзината територија. Од полјоделските култури најзастапени се: пченица, јачмен, компир, овес и шекерна репа. Шведска се одликува и со развиено сточарство. Најразвиени индустриски гранки се: машинската, металската, хемиската, електротехничката и дрвната. Шведска увезува: градинарски култури и овошје, а извезува: руди и машини.

51. Норвешка и Финска
Норвешка и Финска | |
File Size: | 79 kb |
File Type: |
- Норвешка
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Норвешка е држава која се простира во најсеверните делови од Европа. Го зафаќа западниот дел на Скандинавскиот Полуостров, а излегува на Сeверно, Норвешко и Баренцово Море. На исток Норвешка граничи со: Русија, Финска и Шведска. Во овие граници зафаќа површина од 385 000 км кв.
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Норвешка се одликува со еден од најразгранетите брегови меѓу државите во светот. Има голем број на острови, полуострови и заливи, кои овде во најголем дел се фјордови. Карактеристичен е и протокот Скагерак, кој ја одвојува Норвешка од Данска. Од островите на Норвешка му припаѓаат и Шпицбергшките Острови и островот Јан Мајен, а од тие што се поблиску до брегот се издвојуваат Лофотските Острови.
Планините се главна одлика на релјефот на Норвешка, и тоа тука се простираат Скандинавските Планини, кои не преминуваат повеќе од 2 500 м н.в.
На територијата на Норвешка се застапени 4 климатски типови и тоа: атлантска, планинска, субполарна и поларна. Субполарната е застапена во крајните најсеверни делови од Скандинавскиот Полуостров, додека поларната е застапена на островите во Сверерниот Леден Океан. На планините е застапена планинската клима, но таа е застапена и на помала надморска височина за разлика од планините во појужните делови од Европа. Покрај брегот е застапена атлантската клима, која е многу потопла клима во споредба со климатските услови во останатите делови од Европа кои се на иста или слична географска широчина, а е резултат пред се на топлата Голфска Струја.
Реките во Норвешка се кратки, брзи и полноводни, a нивниот тек го завршуваат во многубројните фјордови. Според тие карактеристики тие се погодни за искористување на нивната хидроенергија.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Норвешка денес живеат нешто над 5 000 000 жители, со што е една од најретко населените држави во Европа и во Светот, со под 15 ж/км кв. Најголем дел од населението се Норвежани (над 80 %), додека според религиозната припадност најбројни се протестантите, со над 70 %.
Главен и најголем град во Норвешка е Осло (околу 1 000 000 жители), а други поголеми градови се: Берген, Ставангер, Трондхајм и Драмен.
4. СТОПАНСТВО
Норвешка е една од државите со највосок стандард во светот. Тоа особено е така по откривањето на големите резерви на нафта и земјен гас, во 60-тите години на XX век. Освен тоа Норвешка е богата и со рибен фонд, шуми и разновидни минерално-рудни наоѓалишта. Покрај големите резерви на фосилни горива, дури 99 % од електричната енергија во државата се добива во хидроцентралите, податок според кој е на прво место во светот. Норвешка го држи и високото второ место во светот по количеството на извезена риба. Невработеноста овде изнесува само 2 % од населението.

- Финска
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Финска се простира во северните делови од Европа. Копнена граница има со Русија, Норвешка и Шведска. Излегува на Балтичкото Море, поточно на Финскиот и Ботничкиот Залив. Во овие граници зафаќа површина од 340 000 км кв.
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Брегот на Финска не е многу разгранет, освен заливите, карактеристични се Оландските Острови. Финска е низинска земја, а планини се простираат во северниот дел. Тоа е всушност дел од Скандинавските Планини, а во земјата највисокиот врв е околу 1 300 м н.в. Кон југ се простираат области кои се одликуваат со илјадници езера. Воопшто речиси целата територија на Финска е прекриена со езера и шуми. Бројот на езера овде изнесува над 60 000. Финска исто така се одликува со голем број на реки.
Финска е една од најстудените европски земји. Тука е застапена континентална и субполарна клима. Летата во Финска се кратки и свежи, а зимите подолги и студени. Снегот се задржува од октомври до мај.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Финска денес живеат нешто над 5 500 000 жители, со што и таа е една од најретко населените држави во Европа и во Светот, со околу 16 ж/км кв. Најголем дел од населението се Финци (над 90 %), а застапени се и Швеѓани (околу 8 %). Според религиозната припадност најбројни се протестантите со 70 %, а нерелигиозни се околу 27 %.
Главен и најголем град е Хелсинки (над 600 000 жители), други поголеми градови се: Тампере, Оулу и Турку.
4. СТОПАНСТВО
Главен белег на стопанството на Финска е шумскиот фонд, кој зафаќа над 60 % од територијата на државата. Државата располага со мали површини кои се обработливи, додека сточарството има поголемо значење. Финска увезува: жита и јужно овошје, а извезува: дрво, хартија и млечни производи.

52. Данска и Исланд
|
|
- Данска
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Данска се наоѓа во регионот Северна Европа. Се простира на полуостровот Јиланд и на уште околу 500 острови (од кои 108 се населени). Има поволна географска положба и претставува мост помеѓу Северна и Средна Европа. Копнена граница има само со Германија (на југ). Излегува на Северно и на Балтичко Море. Најблиски држави со кои се поврзува по воден пат се Шведска и Норвешка, од кои е раздвоена со протоците Категат и Скагерак. Има површина од околу 43 000 км². На Кралството Данска му припаѓаат и најголемиот остров во светот- островот Гренланд (со околу 50 000 жители) и Фарските Острови (околу 56 000 жители).
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Данска е една од најниските држави во Светот, со просечна надморска височина од само 34 м, нејзината територија всушност е пространа брановидна низина, со највисока точка кај местото Ејер Бавнехе, од само 173 м н.в. Поради големиот број на острови, Данска се одликува со долга брегова линија од 7 314 км. Покрај полуостровот Јиланд, се издвојуваат најголемите острови: Селанд, Фин и Лоланд. За Данска се карактеристични и бројните протоци, мошне значајни за морепловството, од кои покарактеристични се: Скагерак, Категат, Ересунд, Голем и Мал Белт.
Климата во Данска е атлантска, се одликува со свежи лета и благи зими. За климата посебно влијание има и влажниот западен океански ветер, кој овозможува да има врнежи во текот на целата година, при што со дожд годишно се одликуваат околу 180 денови. Реките во Данска се кратки и неповолни за пловидба.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Данска денес живеат околу 5 800 000 жители, а густината на населеност во државата изнесува 134 ж/км², со што е најгусто населена држава во регионот Северна Европа. Данска, како и најголем дел од државите во Европа, се одликува со големо учество на лицата постари од 65 години. Тој удел изнесува околу 20 %. Според етно-јазичната поделба на населението, Данскиот народ спаѓа во групата на народи Германи. Денес во Данска живеат околу 90 % Данци, додека останатите 10-тина % се: Германци, Пољаци, Турци, Ирачани, Романци итн. Според верската припадност 76 % од населението се декларирало како дел од Данската Протестантска Црква, додека најзастапено религиозно малцинство во Данска е Исламот со околу 4 % од вкупното население.
Главен, најголем и најнаселен град во Данска е градот Копенхаген. Пошироката околина на градот го претставува и најгусто населениот дел од државата, каде што живеат околу 1/3 од вкупното данско население. Дури 87 % од вкупното население во државата живее во градовите. Други поголеми градови се: Архус, Оденсе и Алборг.
4. СТОПАНСТВО
Според сите показатели за развојот на стопанството, Данска е една од најразвиените земји во Светот. Околу 75 % од населението работи во услужните дејности, 24 % во индустријата, а само 1 % се занимава со земјоделство. Во Данска најмногу се произведуваат житарици и сточна храна, а се повеќе се одгледува зеленчук и цвеќе во стакленици. Посебно значајно од сточарските гранки е свињарството (13 милиони), а многу не заостануваат и останатите гранки, со што Данска е една од најпрепознатливите земји во Светот по производството на висококвалитетни млечни и месни производи. Данска е најзначајната рибарска држава во ЕУ, располага со 2 700 бродови и годишен улов од над 2 милиони тони (13-та во Светот). По 1950 година, во Данска особено се инвестира во образуванието, истражувачката и научната дејност, со што земјата од земјоделска се преориентирала во индустриска. Поразвиени индустриски гранки се: прехрамбената, машинската (мотори, велосипеди, и земјоделски машини), фармацевтската, индустријата за мебел, хемиската, електротехничката (медицински апарати), текстилната и индустријата за играчки. Данска се одликува со мошне развиен: патен, железнички, воден и воздушен сообраќај. Велосипедот е особено значајно превозно средство.
5. ЗАНИМЛИВОСТИ
- Интернетот е многу раширен и има практична примена во Данска. Голем број на професии како: благајник, библиотекар и сл. речиси не постојат, бидејќи се е компјутеризирано, а наплатата на услугите се врши он-лајн.
- Рекреативниот спорт во Данска е многу раширен меѓу популацијата. Интересно е тоа што термините секој си ги одредува сам, а тој што нема да ги испочитува, задоцни и сл. е должен да плати одредена казна.
- Излегувањето после 18 часот во Данска се смета за непристојно. Тогаш данците најчесто имаат семејна вечера.
- Данците се познати како особено штедлив народ. Најчесто пазарат во петок бидејќи тогаш маркетите се со најниски акциски цени. Земањето на кредити од банките е ретка појава и истите неможат да се подигнат без добра причина.
- Данците веруваат во терапевтската моќ на спиењето надвор од домот. Па така неретка е сликата пред детските градинки на колкички во кои има мали деца, кои спијат надвор на различни временски прилики. Во Данска се популарни и шумските градинки, при што децата престојуваат во шумски предели, развивајки ја својата креативност во природна средина.
- Во Данска земањето на фармацевтски производи, пред се лекови е вистинска реткост.
- Бидејќи е северна земја и има поголема потреба од светлина, во Данска многу ретко се користат пердиња, а многу често страните на куќите се само од стакло.
- Во Данска образованието до завршувањето на факултет и здравствената заштита се бесплатни.
- Просечната плата во Данска изнесува над 5 000 €.
- Данска веќе подолго време е држава во која живеат најсреќните луѓе во светот (Македонија е на 95-тото место). Тоа е утврдено според повеќе фактори (здравјето на населението, медицинска нега, чувството на самодоверба, семејни односи, безбедност на работното место, политички слободи, некорумпираност на власта и сл.).
- Во главниот град на Данска – Копенхаген има повеќе велосипеди од автомобили.
- Иако е држава во Северна Европа, Данска се одликува со голем број на плажи. За голем број од нив е карактеристичен пејзажот во кој се застапени ветерниците.

- Исланд
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Исланд е островска држава во водите на Атлантскиот Океан. Се наоѓа во непосредна близина на Северниот поларен круг. Има вкупна површина од 103 000 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Брегот на Исланд е доста разгранет. Но сепак оваа држава е најспечифична по вулканската активност и бројните гејзери. Има 140 вулкани од кои 30-тина се активни (Лаки, Хекла, Гримсвот и др.). Во Исланд е и најголемиот ледник во Европа, тоа е Ветнајекул, со околу 8 500 км². Според тоа на островот се застапени сите облици на глацијален релјеф. Највисокиот врв изнесува 2 119 м н.в. Климата во јужните делови на Исланд е атлантска, а во останатиот дел од островот е планинска и субполарна.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Исланд денес живеат нешто над 350 000 жители, со што државата се одликува со најретка густина на населеност во Европа. Таа изнесува само 3,5 ж/км кв.
Главен град е Рејкјавик (125 000 жители), а другите градови се помали, со помалку од 30 000 жители (Копавогур, Хафнарфјордур и др.)
4. СТОПАНСТВО
Главен белег на стопанството на Исланд е риболовот и бродоградбата. Главни полјоделски производи се компирот и репката, додека цвеќе и овошје се одгледува во стакленици. Доста застапено е и говедарството и овчарството. Исланд располага со голем хидроенергетски потенцијал и геотермална енергија, која во голема мера се искористува.
|
|
|
57. Германија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Германија е сојузна република, во регионот Средна Европа, која се состои од 16 покраини. Приморскиот дел на државата е на север, каде таа граничи со Данска. На запад од полуостровот Јиланд, Германија излегува на Северно Море, а на исток на Балтичкото Море. Со Килскиот Канал, на споменатиот полуостров, овие мориња се поврзани. Покрај со Данска, Германија граничи и со: Полска и Чешка на исток, Швајцарија и Австрија на југ и Холандија, Белгија, Луксембург и Франција на Запад. Во овие граници зафаќа површина од околу 357 000 км².
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Германија не се одликува со значајна брегова разгранетост, со исклучок на некои помали острови и заливи.
Релјефот е разновиден, и се состои од 3 целини: Северна, Средна и Јужна Германија. Северниот дел е најнизок. Низ него поминуваат голем број на реки кои се меѓу себе поврзани со канали. Тука се простира Германската Низина. Во Средна Германија низините преминуваат во ридски терени и ниски планини. Тоа се стари планини до 800 м н.в. кои се прекриени со густи шуми. Такви се: Харц, Ајфел, Тириншка шума и др. Јужна Германија се одликува со повисоки планини. Тука се простираат: Баварските Планини и Баварската Висорамнина, како и планината Шварцвалд и некои други планини.
3. КЛИМА
Во Германија се застапени неколку климатски типови. Во северните крајбрежни делови е застапена атлантската клима. Во најголем дел од територијата на државата е застапена континентална клима, додека во најјужните планински предели е застапена планинската клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Германија припаѓаат во сливовите на: Северно, Балтичко и Црно Море. Поголеми и позначајни се реките: Рајна, Везер и Лаба (слив на Северно Море) и Дунав (Црноморски слив). Реките во Германија се поврзани со густа мрежа од речни канали. Најголем меѓу нив е каналот Мителанд, кој ги поврзува реките Рајна, Везер, Лаба и Одра. Од езерата најголемо е Боденското Езеро, на границата со Швајцарија.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Германија денес живеат околу 83 000 000 жители, со што е втора најнаселена држава во Европа. Според тоа просечната густина на населеност изнесува околу 232 ж/км кв. Во Германија учеството на старо население е високо, но тоа би било уште поизразено доколку државата не беше најпривлечна Европска дестинација за голем број на доселеници. Па така околу 20 % од населението во Германија се од негерманско потекло. Од нив 10 % потекнуваат од Европа, а 9 % од Азија. Од сите доселеници најбројни се Турците со учество во вкупното население од 3,5 %. Во Германија се застапени 4 малцински групи: Данци, Лужички Срби, Роми и Фризијци, тие подолго време живеат во одредени региони во Германија. Според религиозната припадност христијани се околу 59 %, нерелигиозни 35 % и муслимани околу 6 %.
6. НАСЕЛБИ
Германија се одликува со голем број на големи градови, што се должи пред се на константниот индустриски развој, а тоа е предуслов за постојано доселување во нив на бројна работна сила, од земјата но и од други држави. Главен и најголем град е Берлин (околу 4 милиони жители). Други милионски градови во Германија се и градовите: Хамбург, Минхен и Келн. Други градови поголеми од 500 000 жители се: Франкфурт, Штутгарт, Дизелдорф, Дортмунд, Есен, Лајпциг, Бремен, Дрезден, Хановер и Нирнберг.
7. СТОПАНСТВО
Во стопански поглед Германија е најразвиена земја во Европа и една од водечките земји во стопански поглед во светот. Тука може да се каже дека се развиени сите видови на индустрија, а особено значајни се: металната, машинската, електротехничката, хемиската, текстилната, бродоградбената и прехрамбената. Посебно развиени индустриски региони се областите Рур и Сар, во западниот дел од Германија. Германија, заедно со Кина, Јапонија и САД, е најголем производител на автомобили во Светот. Германија е голем производител на полјоделски и сточарски производи. Сообраќајот и туризмот исто така се особено развиени стопански гранки. Особено познати се туристичките центри за зимски спортови, на Баварските Алпи. Германија има најразвиена трговска размена од Европа со државите ширум цветот. Таа увезува земјоделски производи и нафта, а најмногу извезува разни видови на машини и автомобили.

58. Полска
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Полска се наоѓа во северо-источниот дел на Средна Европа. Излегува на Балтичкото Море, во северниот дел. Граничи со: Германија, Чешка, Словачка, Украина, Белорусија, Литванија и Русија. Во овие граници има површина од 313 000 км².
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Полска е низок и неразгранет, а се издвојуваат Шчеќински и Гдањски Залив.
Полска е низинска земја, со планински области кон Чешка - Судетите и кон Словачка - Бескидите (Карпати), со надморска височина до 2 500 м н.в.
3. КЛИМА
Во климатски поглед Полска се одликува со еднолични климатски одлики. Тука се застапени претежно континенталната, а на мала површина во најјужните предели е застапена планинска клима.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Полска припаѓаат во сливот на Балтичко Море. Најголеми се Одра и Висла. Во северните делови се одликува со голем број на езера.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Полска живеат речиси 40 милиони жители или околу 125 ж/км². Полјаците припаѓаат во групата на народи Словени. Според религиозната припадност најголем дел се христијани-католици. Освен доминантниот народ - Полјаците со околу 95 %, во Полска живеат малцинства главно од соседните земји, ии тоа: Руси, Литванци, Украинци, Словаци и Чеси.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Полска е Варшава, со околу 2 милиони жители. Други поголеми градови се: Краков, Гдањск, Познањ, Вроцлав, Лоѓ и Шчеќин.
7. СТОПАНСТВО
Полска е индустриска и аграрна земја. Богата е со камен јаглен и мали резерви на нафта. Од индустриските гранки најразвиени се: металургијата, машинската и текстилната индустриската. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат: компир, шеќерна репа и `рж. Туризмот не е многу развиен, освен во јужниот дел, каде најразвиен е туристичкиот центар Закопане. Полска најмногу увезува земјоделски производи, а извезува машини.

60. Чешка и Словачка
- Чешка
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Чешка е средноевропска земја, која е самостојна од 1992 година, до кога заедно со Словачка ја формираа државата Чехословачка. Чешка граничи со: Словачка, Австрија, Германија и Полска. Во овие граници зафаќа површина од околу 79 000 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Релјефот во Чешка главно се состои од ниски и средно високи планини и низини. Од низините се издвојуваат Чешката Низина и Моравија, а од планините: Судетите, Рудните Планини, Шумава, Белите Карпати и др. Планините во Чешка се богати со: шуми, пасишта и руди.
Климата е континентална и планинска. Поради поставеноста на планините со кои е заградена државата, влажните и студени воздушни маси се спречени да навлезат во внатрешноста на територијата.
Од реките најзначајни се Лаба со својата притока В`лтава, која тече низ главниот град на државата. Тоа се пловни реки кои припаѓаат во сливот на Севетно Море. Низ Моравија тече реката Морава, која е лева притока на реката Дунав.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Чешка денес живеат околу 10, 5 милиони жители, со просечна густина на населеност од 134 ж/км². Најголем дел од населението се Чеси, а има и жители од соседни земји, меѓу кои најмногу Словаци. Чесите припаѓаат во групата на народи Словени. Според вероисповедта, се поголем број на жители на Чешка се декларираат како нерелигиозни (околу 80 %).
Главен град на Чешка е Прага (над 1 милион жители), а други поголеми градови се: Брно, Острава, Плзен и Либерец.
4. СТОПАНСТВО
Чешка е развиена индустриска и земјоделска земја. Поразвиени индустриски гранки се: металургија, машинска и хемиска индустрија, а тие се особено застапени во околината на Прага и другите поголеми градови. Градот Плзен е познат центар за производство на пиво. Чешка е и голем производител на текстил, хартија и шеќер. Од земјоделските култури овде најмногу се одгледуваат: шеќерна репа, компир, пченица и хмељ. Во Чешка развиен е и туризмот, особено бањскиот туризам.

- Словачка
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Словачка е уште една држава од Средна Европа. Словачка граничи со: Чешка, Австрија, Унгарија, Украина и Полска. Во овие граници зафаќа површина од околу 49 000 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Словачка е претежно планинска земја, со 75 % планини од вкупната површина. Највисоки се Татрите со 2 655 м н.в. на врвот Герлаховски Штит. Планините се богати со рудни наоѓалишта. Низините се простираат во најјужните делови од државата, тука се простира Подунавската Низина, која е дел од Панонската Низина.
Климата во Словачка е континентална, а на повисоките места е планинска.
Најзначајни реки се Дунав и Вах. На реката Вах се изградени најголемите хидроцентрали, а реката Дунав е најзначајна за водениот сообраќај.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Словачка живеат околу 5,5 милиони жители, а просечната густина на населеност му изнесува 111 ж/км². Во Словачка најзастапени се Словаците со околу 80 %, а од другите народи најзастапени се Унгарците со околу 9 %. Според религиозната припадност најзастапени се католиците со над 60 %.
Главен град на словачка е Братислава со околу 450 000 жители, а други поголеми градови се: Кошице, Прешов и Жилина.
4. СТОПАНСТВО
Братислава е најзначаен центар на хемиската и петрохемиската индустрија. Во Словачка уште се развиени: металургијата, машинската индустрија, текстилната, прехрамбената и дрвната индустрија. Од земјоделските култури најзастапени се: компирот, шеќерната репа, хмељот и др. Туризмот во Словачка е во развој.

61. Швајцарија, Австрија и Лихтенштајн
- Швајцарија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Швајцарија е средноевропска земја, која граничи со 5 држави, и тоа: Франција, Италија, Австрија, Лихтенштајн и Германија. Во овие граници зафаќа површина од околу 41 285 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Швајцарија е високопланинска земја, со просечна надморска височина од 1 400 метри. Швајцарските Алпи се највисокиот дел во државата, со врвови над 4 000 м н.в. Тука снегот се задржува во текот на целата година и се застапени поголем број на ледници. Најголем меѓу нив е ледникот Алеч. Од овие предели извираат голем број на реки. Северозападно од Алпите се простира Швајцарската Висорамнина. Таа е исполнета со голем број на леднички езера, меѓу кои поголеми се: Боденско, Циришко и Женевско Езеро.
Климата на планинските предели е планинска, со долги и снежни зими, а на пониските места е умерено-континентална.
Реките иако се кратки, тие се полноводни и имаат голем хидроенергетски потенцијал. Најголемо сообраќајно значење има реката Рајна, која е пловна од градот Базел.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Швајцарија денес живеат околу 8, 5 милиони жители, со просечна густина на населеност од 206 ж/км². Швајцарската нација всушност е комбинација од народи од 4 различни потекла. Од нив 70 % зборуваат германски, 20 % француски, 6 % италијански и 4 % реторомански. Тие се официјални јазици во државата, а освен припадници на овие народи, во Швајцарија живеат и: Португалци, Срби, Турци, Албанци, Шпанци и др. Според религиозната припадност најзастапени се христијаните со 68 % (католици и протестанти), муслиманите со 5 %, додека нерелигиозни се 24 %.
Главен град на Швајцарија е Берн (околу 140 000 жители), а други поголеми градови се: Цирих, Женева, Базел и Лозана. Сите тие се поголеми од главниот град, а меѓу нив најголем е Цирих со 400 000 жители.
4. СТОПАНСТВО
Швајцарија е сиромашна со суровини, но и покрај тоа е една од најразвиените земји во Европа. Се одликува со особено квалитетни производи од од областа на индустријата, а најразвиени индустриски гранки се: машинската, индустрија за прецизни апарати, производство на часовници и прехрамбена индустрија. Швајцарија е особено позната и по производството на квалитетно кравјо млеко и развиеното говедарство.
Швајцарија се одликува со густа сообраќајна патна и железничка мрежа. Неповолните релјефни услови за развој на сообраќајот се анулираат со големи вложувања во инфраструктурата (мостови, тунели и сл.). За оваа држава особено значајна стопанска гранка, од која таа остварува големи приходи е банкарството. Швајцарија е земја која е посетена од туристи во текот на целата година. Најпосетени се зимските туристички центри.
Швајцарија има развиена трговија. Таа увезува: нафта, руди, овошје и зеленчук, а извезува индустриски производи.

- Австрија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Австрија е средноевропска земја, која граничи со 8 држави, и тоа: Словенија, Унгарија, Словачка, Чешка, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн и Италија. Во овие граници зафаќа површина од околу 84 000 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Во Австрија се простираат Источните Алпи. Оваа област во Австрија се нарекува Тирол. Високите планини кон исток постепено се спуштаат кон Панонската Низина и долината на реката Дунав.

Од реките најголема е Дунав. Други позначајни реки се Ин и Мура. Сите тие припаѓаат во сливот на реката Дунав, односно во Црното Море.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Австрија денес живеат околу 9 милиони жители, со просечна густина на населеност од 105 ж/км². Од нив 80 % се Австријци, а останатите се по потекло од поранешните југословенски земји, Германци, Турци и др. Австријците се од групата на народи германи. Најголем дел од населението се припадници на католичката вероисповед.
Главен град на Австрија е Виена (речиси 2 милиони жители), а други поголеми градови се: Грац, Линц, Салзбург и Инсбрук.
4. СТОПАНСТВО
Австрија располага со наоѓалишта на: јаглен, железо, олово и цинк. Од индустриските гранки развиени се: металургијата, машинската, текстилната, прехрамбената и дрвната индустрија. Исто така развиено е и сточарството. Од останатите стопански гранки развиен е и туризмот, а најпосетени центри освен главниот град се Инсбрук и Салзбург.
Австрија извезува: машини, хартија, челик и алуминиум, а увезува: жита, јужно овошје и тутун.

- Лихтенштајн
Лихтенштајн е кнежество сместено помеѓу Швајцарија и Австрија. Има површина од 160 км², на која живеат околу 40 000 жители или околу 230 ж/км². Главен град на државата е Вадуц со околу 5 500 жители, низ него минува изворишниот дел од реката Рајна. Населението во најголем дел го сочинуваат Германци и Австријци.
62. Унгарија и Романија
- Унгарија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Унгарија е континентална, средноевропска земја, која граничи со 7 држави, и тоа: Словенија, Хрватска, Србија, Романија, Украина, Словачка и Австрија. Во овие граници зафаќа површина од околу 93 000 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Во Унгарија низинска земја (95 %), која го опфаќа најголемиот дел од Панонската Низина. Малиот број на планини се ниски и обиколени со низински територии. Такви се: Матра, Бик, Бакоњска Шума и Мечек.
Климата е континентална, зимите се врнежливи и студени, а летата топли и сушни. Поради малого годишно количество на врнежи, климата има континентално-степски карактер.
Од реките најзначајни се Дунав иТиса. Тие имаат повеќекратно значење, поточно се битни за: сообраќајот, земјоделството и индустријата. Најголемо езеро е Балатон, тоа претставува туристичко-рекреативен центар на Унгарија.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Унгарија денес живеат помалку од 10 милиони жители, со просечна густина на населеност од 106 ж/км². За населението на Унгарија е карактеристично што е во постојан пад, од пред 40-тина години, кога во земјата живееле 11 милиони жители. Унгарците по своето потекло се разликуваат од другите европски народи и припаѓаат во унгаро-финската група на народи. Освен Унгарци, тука во помал број се застапени: Романци, Срби, Хрвати и др. Најголем дел од населението се припадници на христијанската вероисповед, но голем е и уделот на нерелигиозно население.
Главен град на Унгарија е Будимпешта (речиси 2 милиони жители), а други поголеми градови се: Дебрецен, Сегедин, Мишколц и Ѓер.
4. СТОПАНСТВО
Унгарија располага со резерви на нафта и јаглен. Од индустриските гранки развиени се: металургијата, машинската индустрија, производство на сообраќајни средства, хемиската и прехрамбената индустрија. Од земјоделскит екултури застапени се: пченицата, пченката, шеќерната репа и сончогледот.
Унгарија извезува машини, а увезува јужно овошје и тутун.

- Романија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Романија е средноевропска земја, која на исток излегува на Црно Море, а граничи со 5 држави, и тоа: Молдавија, Украина, Унгарија, Србија и Бугарија. Во овие граници зафаќа површина од околу 240 000 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Романија одликува со сложена релјефна структура. Од Планините се издвојуваат Карпатите, кои во јужните ограноци се нарекуваат Трансилвански Алпи. Тоа се млади верижни планини, со голем број на врвови над 2 000 м н.в. Втора релјефна целина е Трансилванија која е всушност висорамнина, таа е уште позната и по името Ердељ. Исто така во Романија се застапени и неколку пространи низини, тоа се: Влашката, Молдавија, Добруча и Банат.
Климата на планинските предели е планинска, со долги и снежни зими, а на пониските места е континентална. Кон Црното Море, односно околу брегот е застапена медитеранска клима.
Од реките најзначна е реката Дунав. Другите реки извираат главно од Карпатите, а поголеми меѓу нив се: Олта, Серет и Прут. Сите реки припаѓаат во сливот на Црно Море.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Романија денес живеат околу 19 500 000 жители, со просечна густина на населеност од 84 ж/км². Од нив 89 % се Романци, а од останатите најзастапени се Унгарците со 6 и Ромите 3 %. Романците се од групата на народи романи. Најголем дел од населението се припадници на православната вероисповед.
Главен град на Романија е Букурешт (речиси 2 милиони жители), а други поголеми градови се: Констанца, Темишвар, Клуж и Крајова.
4. СТОПАНСТВО
Романија е богата со природни богатства, од кои најзначајни се: нафтата и земјениот гас. Од индустриските гранки најразвиени се: петрохемиската, машинската, металургијата, текстилната и прехрамбената. Од земјоделските култури се одгледува: пченка, сончоглед и шеќерна репа. Сточарството е застапено на карпатите. Романија извезува: нафта и нафтени деривати и машини. Туризмот во Романија е во развој.

64. Русија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Русија е една од ретките држави што се простираат на два континенти, Европа и Азија. Таа се протега од Балтичкото Море, па се до Тихиот Океан на исток, во должина од 10 000 км. Русија се простира низ 11 часовни зони. На север Русија излегува на Северен Леден Океан. Копнени граници има со вкупно 14 држави, од кои 8 се поранешни советски републики. Од запад кон исток Русија граничи со: Норвешка, Финска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Во овие граници зафаќа површина од 17 000 000 км², со што е најголема држава во светот.
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Русија е долг и разгранет. Од Северниот Леден Океан се образувале: Баренцово, Бело, Карско, Лаптевско, Источносибирско и Чукотско Море. Во овој океан се издвојуваат островите: Нова Земја, Северна Земја, Земјата на Франц Јозеф, Новосибирски Острови, Врангел и др. а од полуостровите позначајни се: Кола, Канин, Јамал и Чукотскиот. Од Тихиот Океан на брегот се оформиле: Беринговото, Охотското и Јапонското Море. Тука најзначаен е Полуостровот Камчатка и Островот Сахалин.
Со оглед на големината, Русија се одликува со разновиден релјеф. Во европскиот дел се издвојува Источноевропската Низина и Планината Урал, а во Азија: Западносибирската Низина, Средносибирската Висорамнина, како и планините: Алтај, Сајан, Јаблановски, Становојски, Верхојански, Черски и Колимски Планини.
3. КЛИМА
Русија се простира во северниот студен и во умерениот топлински појас. Во првиот застапени се поларна и субполарна клима, додека во другиот има: планинска, континентална, полупустинска и средоземноморска.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Русија е исклучително разновидна и во поглед на хидрографските одлики. Реките припаѓаат во повеќе сливови. Сливното подрачје на Северниот Леден Океан е најголемо, тука припаѓаат реките: Северна Двина, Печора, Об, Енисеј, Лена, Колима и др. Во сливот на Тихи Океан најголема река е реката Амур. Реките од сливот на Атлантскиот Океан се вливаат во Азовското Море, а тоа се реките: Манич и Дон. Во затворениот слив на Каспиското Езеро се реките: Урал, Волга, Кума и Терек.
Во Русија се наоѓа најдлабокото езро во светот, со 1 620 м длабочина, тоа е Бајкалското Езеро. Русија има дел од брегот и на најголемото езеро во светот а тоа е Каспиското Езеро, со вкупна површина од 370 000 км². Покрај нив, од природните езера, за издвојување се: Ладога и Онега. Исто така Русија се одликува и со голем број на големи вештачки езера.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Русија живеат околу 2 % од вкупното светско население (20 % од населението во Европа), односно околу 147 000 000 жители. Од вкупниот број на жители, во европскиот дел живеат околу 110 000 000. Со тоа Русија е држава со најголем број на жители во Европа, додека во светот се наоѓа на 9-то место. Со густина на населеност од околу 9 ж/км² е една од најретко населените држави во светот, со тоа што европскиот дел е многу понаселен во споредба со делот кој припаѓа на континентот Азија. Населението во најголем дел се состои од Руси со 81%, потоа Татари со 4 %, а со по околу 1 % се застапени Украинците, Ерменците, Башкирите и Чувашите, додека сите останати народи се застапени со помалку од 1 % од вкупното население. Според религиозната припадност Русија е доминантно православна христијанска земја (околу 50 % од населението), а муслиманите се околу 7 %. Во Русија има голем број на најразлични религиозни групи, а висок е и уделот на нерелигиозното население.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Русија е Москва со околу 13 милиони жители. Русија се одликува со 15 градови со над 1 милион жители, покрај главниот град тоа се: Сант Петерсбург (над 5 милиони), Новосибирск, Екатеринбург, Нижни Новгород, Казан, Чељабинск, Омск, Самара, Уфа, Ростов, Краснојарск, Перм, Вороњеж и Волгоград.
7. СТОПАНСТВО
Русија располага со огромни резерви на јаглен, нафта, земјен гас и хидроенергетски потенцијал. Најголеми ХЕЦ се изградени на реките: Енисеј, Ангара и Волга. Русија располага и со голем шумски фонд, а исто така е и богата со руди, како што се: железо, никел, бакар, злато, платина и др. Од индустриските гранки особено развиени се: металургијата, машинската, електротехничката, петрохемиската, текстилната и дрвната. Земјоделството е исто така со обемно производство, а најмногу се одгледува: пченица, пченка, шеќерна репа и сончоглед. Во Русија исто така се повеќе се развива и туризмот. Особено посетени се двата најголеми градови во земјата, како и брегот на Црно Море. Русија има голема трговска размена со голем број на држави во светот. Таа извезува: нафта, гас, земјоделска механизација, авиони, локомотиви, опрема за хидро и термоцентрали, а увезува зеленчук и јужно овошје.

65. Украина
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Украина е источноевропска земја. Граничи со: Русија, Белорусија, Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија. Има вкупна површина од околу 600 000 км². Со оваа површина државата се наоѓа на второ место во Европа, и покрај фактот што територијата на Крим (каде најголем дел од населението е од руско потекло, со површина од 27 000 км²) во 2014 година беше присвоен (анектиран) од Руската Федерација.
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Украина се протега долж брегот на Црното и Азовското Море. Овде најкарактеристичен е спорниот полуостров Крим и Керчанскиот проток, кој е врската помеѓу споменатите две мориња.
Украина е претежно низинска земја, со пространи речни долини и низини, кои се дел од Источно-европската низина. Во средишниот дел се издига Приднепарската Висорамнина, а највисок дел во државата е западниот, каде се наоѓаат ограноците на Карпатите.
3. КЛИМА
Во климатски поглед се издвојуваат неколку климатски типови, а тоа се: планинска, континентална, изменето-средоземноморска и средоземноморска.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките се доста застапени. Особено значајна е најголемата река, а тоа е реката Днепар, на која има неколку вештачки езера, од кои најголемо е Каховското Езеро. Водата од нив се користи за наводнување и за хидроелектрична енергија. Други значајни реки се Буг и Днестар.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Украина денес живеат околу 42 милиони жители (со територијата на Крим околу 45 милиони). Според соодносот на вкупното население и површина во Украина живеат околу 75 ж/км². Инаку на почетокот на 90-тите години на ХХ-от век во државата вкупно живееле околу 53 милиони жители. Населението доминантно го сочинува население од словенската група на народи, и тоа 78 % Украинци, 17 % Руси и 5 % и др. Најголем дел од населението според религиозната припадност припаѓаат на православната христијанска вероисповед.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Украина е Киев, со околу 3 000 000 жители. Освен него и Харков и Одеса имаат над милион жители, додека други големи градови во државата се: Днепопетровск, Донецк, Запорожје и Лвов, сите тие имаат по над 700 000 жители.
7. СТОПАНСТВО
Од природните ресурси Украина е богата со: антрацит (најквалитетен камен јаглен, најзастапен во Донецкиот Басен), железна руда, нафта и земјен гас. Од индустриските гранки најзастапени се: металопреработувачката, машинската, хемиската, прехрамбената и текстилната. Земјоделството има посебно место во стопанството на Украина, пред се поради поволните почвени услови. Тука најмногу се одгледува: пченица, шеќерна репа, компир и сончоглед, а исто така застапени се и виновата лоза, овошните и градинарските култури. Туризмот има голем потенцијал, особено во крајбрежјето.

67. Белорусија и Молдавија
- Белорусија
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Белорусија е источноевропска држава, која граничи со 5 држави, и тоа: Русија, Украина, Полска, Литванија и Латвија. Таа е континентална земја со вкупна површина од околу 208 000 км². Белорусија е добро сообраќајно поврзана со Русија, но и со државите од Средна Европа.
2. РЕЛЈЕФ
Белорусија е изразито низинска земја, каде се простира Источноевропската Низина, а како највисок дел се издвојува Белоруската Висорамнина, недалеку од главниот град на државата. Поради ваквите релјефни одлики, Белорусија е погодна за одгледување на полјоделски култури, но исто така тука со околу 25 % од територијата е застапено и мочурливо земјиште.
3. КЛИМА
Во климатски поглед се издвојува еден климатски тип, а тоа е континенталниот. Белорусија се одликува со помало количество на врнежи од земјите на запад, но со поголемо за разлика од државите што се поисточно од неа.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките се полноводни и пловни. Најголеми меѓу нив се: Њемен, Припјат и Западна Двина. Во Белорусија има и голем број на езера, кои се мали по површина и немаат поголемо стопанско значење.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Белорусија живеат околу 9 500 000 жители, или околу 46 ж/км². Покрај Белорусите кои се застапени со 84 %, има и Руси 8 %, Полјаци 3 % и Украинци 2 %. Сите овие народи се од групата на народи Словени. Најголем дел од населението се православни христијани, и тоа околу 50 %, а голем е и уделот на нерелигиозно население, со околу 40 %.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во државата е Минск (околу 2 милиони жители), други поголеми градови се: Гомељ, Витебск, Гродно и Брест.
7. СТОПАНСТВО
Од природните ресурси државата располага со голем фонд на шуми (30 %), како и со резерви на помалку квалитетен јаглен. Од полјоделските култури се одгледува: лен, компир, шеќерна репа и`рж. Од сточарските гранки најзастапени се: свињарството и говедарството. Во Белорусија најзастапени се: машинската, хемиската, дрвната и прехрамбената индустрија.

- Молдавија
Молдавија се наоѓа помеѓу државите Романија и Украина. Има површина од околу 34 000 км². На територијата на државата се застапени 3 500 000 жители (75 ж/км²). Во државата најзастапени се Молдавците (во романска група на народи) со 75 %, а има и Романци, Руси, Украинци и Бугари. Низ Молдавија минува реката Днестар, а државата главно се одликува со умерено-континентална клима. Главен и најголем град е Кишињев (650 000 жители), а втор град по големина е Тираспол.
68. Литванија, Летонија и Естонија
- Литванија
Литванија е прибалтичка земја, која се граничи со: Русија, Полска, Белорусија и Летонија. Државата има површина од 65 000 км², каде живеат околу 2 800 000 жители. Литванија е низинска земја, каде најголема река е Њемен, а се одликува со умерено-континентална клима. Покрај главниот град Вилнус, поголеми градови се и Каунас и Клајпеда.
- Летонија
Летонија е прибалтичка земја, која излегува на Ришкиот Залив. Таа се граничи со: Литванија, Белорусија, Русија и Естонија. Државата има површина од речиси 65 000 км², каде живеат околу 2 000 000 жители. Латвија е низинска земја, каде најголема река е Западна Двина, а се одликува со умерено-континентална клима. Главен град е Рига.
- Естонија
Естонија е прибалтичка земја, која се граничи со Русија и Летонија. Државата има површина од 45 000 км², каде живеат околу 1 300 000 жители. Естонија е низинска земја, а се одликува со умерено-континентална клима. Главен град е Талин.