Географска разместеност и главни градови на државите во светот
(2016 година)
Државата со најмала просечна надморска височина Азиската држава Малдиви, која ја сочинуваат нешто помалку од 1 200 островчиња, од кои само 280 се населени, е најниската држава во светот. Имено највисоката точка на оваа островска земја сместена југо-западно од Индија, во водите на Индискиот Океан, изнесува зачудувачки 2,3 m, додека просечната надморска височина на Малдивите изнесува 1,5 m. Токму малата надморска височина е најголемиот проблем, при евентуално зголемување на нивото на светското море. Како резултат на евентуално глобално затоплување, би можело да се случи овој туристички рај на Земјата, едноставно да го снема од нејзината карта. Па во контекст на тоа владата на Малдивите на 17-10-2009 година одржа вонредна седница, на која министрите своите одела мораа да ги заменат со нуркачка опрема, од проста причина што истата се одрша под вода, а пораката е јасна - привлекување на вниманието на светската јавност и апел до сите земји во светот да се стори се што е можно за да се спречи евентуална катастрофа. Ранливоста на островската земја се потврди на 26-12-2004 година, кога како резултат на земјотрес во Индискиот Океан, со разурнувачките бранови - цунами не беа зафатени само 9 острови, додека 6 острови исчезнале од лицето на Земјата.
(2012 година) |
|
Најсушното место на светот
Пустината Атакама, која се наоѓа во северните делови на Чиле, е најсушното место на Земјината топка, и покрај тоа што се вбројува во пустините со најниски дневни температури (од 0 - 25 степени целзиусови). Имено во некои делови од пустината не се забележани врнежи најмалку веќе 400 години! Интересен е и фактот што во 2003 година група на истражувачи објави текст со наслов „Марсовските предели на пустината Атакама“, во кој е презентиран истиот метод кој бил користен на Марс, а имал за задача да испита дали на планетата има живот. Резултатите биле идентични, односно одговорот на прашањето бил негативен. И според таа одлика Атакама веројатно е едно од ретките места во светот, каде што не е евидентирана појава на микроби.
(2011 година) |
Најладниот главен град во светот
Главниот град на централно- азиската држава Монголија - Улан Батор, е најладниот град меѓу главните градови во светот. Просечната вредност на средно-дневните температури на воздухот во Улан Батор, преку целата година изнесува -1,3 степени целзиусови, што е за цели 12 степени пониска температура од просечната годишна температура на воздухот во Битола (+11,1 степени целзиусови), или пак за 13, 8 степени од главниот град на Република Македонија- Скопје (+12,5 степени целзиусови).
(2011 година) |